Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 49:1-7

Исаија 49:1-7 MK2006

Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мај­чината Ми утроба го спомна името Мое; ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше; Тој Ми рече: „Ти си Мој слуга, Израеле, – во Тебе ќе се прославам.“ Јас, пак, реков: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја истрошувал силата Своја.“ Но правото Мое е во Господ, и наградата Моја е во Мојот Бог. А сега вели Господ, Кој уште од утробата Ме направи слуга Свој, да го вратам кон Него Јакова, за да се собере при Него Израел; а кога ќе се собереме, ќе се прославам во Господ и Мојот Бог ќе биде Моја сила. И Тој рече: „Малку е тоа што Ти ќе Ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израелов, туку Јас ќе Те напра­вам светило за народите, за да се раши­ри спасението од Господ до краиштата на земјата.“ Така вели Господ, Искупителот на Израел, Светецот негов, на презрениот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: царевите ќе Те видат, кнезовите ќе станат и ќе се поклонат заради Господ, Кој е верен, заради Светецот Израелов, Кој Те избрал.