Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 49:1-7

Исаија 49:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мај­чината Ми утроба го спомна името Мое; ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше; Тој Ми рече: „Ти си Мој слуга, Израеле, – во Тебе ќе се прославам.“ Јас, пак, реков: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја истрошувал силата Своја.“ Но правото Мое е во Господ, и наградата Моја е во Мојот Бог. А сега вели Господ, Кој уште од утробата Ме направи слуга Свој, да го вратам кон Него Јакова, за да се собере при Него Израел; а кога ќе се собереме, ќе се прославам во Господ и Мојот Бог ќе биде Моја сила. И Тој рече: „Малку е тоа што Ти ќе Ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израелов, туку Јас ќе Те напра­вам светило за народите, за да се раши­ри спасението од Господ до краиштата на земјата.“ Така вели Господ, Искупителот на Израел, Светецот негов, на презрениот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: царевите ќе Те видат, кнезовите ќе станат и ќе се поклонат заради Господ, Кој е верен, заради Светецот Израелов, Кој Те избрал.

Исаија 49:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Чујте ме, острови, слушајте внимателно, далечни народи! Господ ме повика од мајчиното крило, уште од утробата на мојата мајка го спомна моето име. Од мојата уста направи остар меч, ме скри во сенката на Својата рака, од мене направи остра стрела, ме засолна во Својот тул. Ми рече: ‘Ти си Мој слуга, Израеле, во кого ќе се прославам!’ А јас реков: ‘Напразно се измачував, за ништо ја напрегнував силата. Сепак, моето право е во Господа, мојата награда е кај мојот Бог.’“ „А сега зборува Господ, кој уште од утробата ме направи Свој Слуга, за да му го вратам назад Јакова, за да се собере Израел. Се прославив во Господовите очи, мојот Бог ми беше сила. И ми рече: ‘Премалку е да Ми бидеш слуга, за да ги подигнеш Јакововите племиња и за да го вратиш Израелевиот Остаток, но ќе те поставам за светлина на народите, за да го донесеш Моето спасение до крајот на земјата.’“ Вака зборува Господ, Израелевиот Искупител, неговиот Светец, на оној кого го презираат и го отфрлаат народите, на силниот слуга: „Кога ќе видат, ќе се кренат царевите, ќе се фрлат ничкум кнезовите, заради Господа, Кој ја покажа Својата верност, Израелевиот Светец, Кој те избра.“