Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 2

2
Траен мир
1Слово, откриено во видението на Амоцовиот син Исаија, за Јудеја и Ерусалим. 2#Мих 4,1; Зах 8,3; Пс 2,6И ете, во последните дни гората на домот Господов ќе биде поставена на врвот од планините и ќе се возвиси над ридовите, ќе појдат кон неа сите народи. 3#56,6-8; Мих 4,2; Пс 24,3; 122,4; Лк 24,47; Јн 4,22Ќе тргнат многу народи и ќе речат: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова, во домот на Бог Јаковов; Тој ќе нѐ научи на Своите патишта и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим – словото Господово.“ 4#3,13; Ос 2,20; Јоил 4,9-11; Мих 4,3; Зах 9,10И ќе им суди Тој на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои – во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. 5#60,1-3; Пс 56,13О, доме Јаковов! Дојдете, да одиме во Господовата светлина.
Грешни обичаи
6 # 57,3; 5 Мојс 18,10.14 Но Ти го отфрли Својот народ, до­мот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла и маѓесници си имаат како Филистејците, и се братимат со синови на туѓинци. 7#5 Мојс 17,16-17; Пс 20,7Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се ис­полни земјата негова со коњи, колите негови број немаат. 8#17,8; Ер 1,16; 25,6Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изра­ботка од своите раце, на она што нивните прсти го направиле. 9#5,15Човекот е свиткан, мажот е пони­жен – не простувај им!
Господ ќе суди
10 # 26,20; Ос 10,8; Лк 23,30; 2 Сол 1,9; Откр 6,16 Влези во пештерата и сокриј се во земјата од страв пред Господ и од славата на Неговото величие. 11#Пс 18,27; Лк 1,51Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи; а само Господ ќе стои високо во тој ден. 12Зашто иде денот на Господ Саваот против сѐ што е гордо и надуено и против сѐ што е превознесено, – и тоа ќе биде понизено, – 13#10,34; Наум 1,4; Зах 11,2против сите кедри леванонски, високи и величествени, и против сите дабови башански, 14#30,25против сите високи гори и против сите ритчиња што се издигаат, 15#Соф 1,16против секоја висока кула и против секоја цврста ѕидина, 16#1 Цар 22,49; Пс 48,7против сите таршишки кораби и против сите нивни украси. 17#2,11; 2 Сам 22,3И ќе падне човечкото величие, она што е високо кај луѓето ќе се понизи; само Господ ќе стои високо во тој ден, 18#Ер 10,11.15а идолите сосема ќе исчезнат. 19#2,10; 4 Мојс 10,35; Пс 82,8И ќе влезат луѓето во карпести пештери и во земни јами од страв пред Господ и од славата на Неговото вели­чие, кога ќе се крене Тој да ја потресе земјата. 20#30,22; 31,7Во тој ден човекот ќе ги фрли свои­те сребрени и своите златни идо­ли, што ги направил за да им се поклонува, 21#2,19за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господ и од славата на Неговото ве­личие, кога ќе се крене Тој да ја потресе земјата. 22#1 Мојс 2,7; 6,3; Ер 17,5; Јов 7,16-17; 34,14Престанете да се надевате на човек, чие дишење е во ноздрите негови, за­што – што знае тој?

Селектирано:

Исаија 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност