Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 1

1
1 # Ос 1,1; Мих 1,1 Видение на Исаија, синот на Амоц, кое го виде за Јудеја и Ерусалим, во деновите на јудејските цареви Озија, Јотам, Ахаз и Езекија.
Одметнат народ
2 # 5 Мојс 4,26; 31,28; 32,1.5-6.10; Ер 6,19; Мих 1,2 Чујте небеса и слушај земјо, зашто Господ вели: „Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене. 3#Ер 4,22; 8,7; Пс 81,11Волот го познава стопанот свој, и магарето – јаслите на господарот свој, а Израел не Ме познава, Мојот народ не разбира.“ 4#30,9; 1 Мојс 6,12; 5 Мојс 28,20; 31,16; Ер 1,16; 2,13; 16,11Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе на злодејци и си­нови погубни! Го оставивте Гос­пода, Го презревте Светецот Изра­елов, – грб Му свртевте. 5#3 Мојс 26,14-33; Ер 5,3; 8,18; Амос; 4,6-12; Плач 5,17Каде уште да ве бијат вас, кои сѐ уште се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изне­моштено. 6#Ер 8,22; 30,12-15; Пс 38,3.7; Лк 10,34Од главата до петите нема во тој на­род здраво место, модрици, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со масло.
Опустошена земја
7 # 6,11; 1 Мојс 19,1; 5 Мојс 28,33; Ер 2,15; Пс 79,7 Земјата ви е опустошена, градо­вите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи туѓинци ги јадат; и пус­тош е, како што запустуваат туѓинци. 8Остана ќерката Сионова како колиба во лозје, како колиба во градина, како опсаден град. 9#4,3; 1 Мојс 18,16-33; 19,1-29; Амос 4,11; Рим 9,29Да не беше ни оставил Господ Са­ваот мал остаток, ќе бевме како Содом, ќе заприлегавме на Гомора.
Не жртви, туку правда
10 # 1 Мојс 18,20; 5 Мојс 32,32; Ер 13,15 Чујте го словото Господово, кнезови содомски, вслушајте се во зако­нот на нашиот Бог, народе гоморски! 11#Ер 6,20; Амос 5,22; Мих 6,7; Пс 50,8„Зошто ми се многуте ваши жртви? – вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам. 12Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој го бара тоа од вашата рака, кога ќе згазнете на Моите дво­рови? 13#Ос 2,13; Амос 5,21; Плач 2,6Не принесувајте веќе празни жрт­ви; кадењето е одвратно за Мене; ново­месечија, саботи и празнични собранија со беззаконија – не можам да трпам! 14#Ер 15,6; 20,9Душата Моја ги мрази вашите но­вомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам. 15#59,2-3; Ер 2,34; 14,12; Мих 3,4; Изреки 1,28И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умно­жувате молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв. 16#Ер 4,4; Амос; 5,14-15Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; 17#2 Мојс 22,21; Ер 22,3; Пс 82,3-4; Јов; 31,16-17научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувај­те сирак, застапувајте се за вдовица.“
Повик од Господ
18 # 43,26; Мих 6,2; Пс 32,1; 51,9 Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги по­белам; да бидат црвени и како пурпур – како вол­на ќе станат бели. 19#3 Мојс 26,3-12; 5 Мојс 28,1-14; Ер 2,7; Езд 9,12Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни; 20#40,5; 58,14; 3 Мојс 26,25; 5 Мојс 32,42; Ер 2,30; 14,12; Мих 4,4ако, пак, не сакате и се против­ставувате, меч ќе ве истреби! Тоа го рече устата Господова.
Осуда на Ерусалим
21 # Ер 2,20; Ез 16; 23; Пс 89,14; 97,2 Како справедливиот верен град Сион стана блудница? Во него царуваше правда, а сега престојуваат убијци. 22#Ер 6,29; Ез 22,18Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано; 23#Ер 5,5; 6,28; Ез 22,27; Ос 9,15; Мих 3,11; 7,3твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за наг­рада; не заштитуваат сирак, и поплака на вдовица не стигнува до нив. 24#47,4; 5 Мојс 32,41Затоа вели Господ, Господ Саваот, Јунакот Израелов: „О, ќе ја истурам ја­роста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои! 25#Ер 2,22; Ез 22,18; Зах 13,9И ќе ја свртам против тебе раката Своја и како со пепелница ќе ја исчис­там од тебе згурата и ќе го одделам од тебе сето олово. 26#1,21; 56,5; 60,14; Зах 8,3И пак ќе поставам судии, како по­рано, и советници како отпрвин; тогаш ќе говорат за тебе: град на правда, верна престолнина!
Господ ќе го избави Ерусалим
27 # 33,5; 46,13; 58,2 Сион ќе се спаси преку праведен суд, и обратените негови – преку правда. 28#Пс 73,27За сите отстапници и грешници – погибел, а оние, што Го оставиле Гос­пода, ќе бидат истребени. 29#Ос 4,13Вие ќе бидете посрамени заради да­бовите што ги обожавате, ќе црвенеете од срам заради градините што сте си ги избрале; 30#64,5; Пс 1,3зашто вие ќе бидете како даб, чиј лист свенал и како градина, во која нема вода. 31#Ер 4,4; Амос 5,6И силниот ќе биде отпадок, а делото негово – искра; ќе горат заедно, – и никој нема да ги угасне.“

Селектирано:

Исаија 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност