Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 13:6-9

Исаија 13:6-9 MK2006

Липајте, зашто денот Господов е близу, – иде како разурнувачка сила од Семоќниот. Затоа рацете на сите ќе папсаат, срцето на секој човек ќе се стопи. Тие ќе се исплашат, грчеви и болки ќе ги опфатат; ќе се мачат како родилка, зашеметени ќе гледаат едни во други, лицата ќе им пламнат. Ете, денот Господов доаѓа лут, со гнев и пламната јарост, за да ја прет­вори земјата во пустина и да ги истреби од неа грешниците нејзини.