Исаија 13:6-9
Исаија 13:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Липајте, зашто денот Господов е близу, – иде како разурнувачка сила од Семоќниот. Затоа рацете на сите ќе папсаат, срцето на секој човек ќе се стопи. Тие ќе се исплашат, грчеви и болки ќе ги опфатат; ќе се мачат како родилка, зашеметени ќе гледаат едни во други, лицата ќе им пламнат. Ете, денот Господов доаѓа лут, со гнев и пламната јарост, за да ја претвори земјата во пустина и да ги истреби од неа грешниците нејзини.
Исаија 13:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ридајте, зашто е близу Господовиот ден, како гибел доаѓа од Сѐмоќниот. И затоа сите раце ослабуваат, секое човечко срце се истоштува, стравотија ги обори, веќе ги опфатија труднички болки, и се грчат како родилка. Исплашени се набљудуваат еден друг, лицата им се како пламен. Ете доаѓа лутиот Господов Ден гнев и јарост - за да ја претвори земјата во пустина, за да ги истреби грешниците од неа.