Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 1:12-18

Исаија 1:12-18 MK2006

Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој го бара тоа од вашата рака, кога ќе згазнете на Моите дво­рови? Не принесувајте веќе празни жрт­ви; кадењето е одвратно за Мене; ново­месечија, саботи и празнични собранија со беззаконија – не можам да трпам! Душата Моја ги мрази вашите но­вомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам. И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги умно­жувате молбите свои, Јас не слушам: рацете ваши се полни со крв. Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувај­те сирак, застапувајте се за вдовица.“ Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги по­белам; да бидат црвени и како пурпур – како вол­на ќе станат бели.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност