Вака вели Господ Саваот: „Овој народ говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Господов.“ И дојде слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи: „А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е светилиштето запустено?“ Затоа сега вака вели Господ Саваот: „Преиспитајте ги своите патишта! Вие сеете многу, а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоплувате; оној што печали пари, ги става во дупнато ќесе.“ Така вели Господ Саваот: „Преиспитајте ги своите патишта! Качете се на планината, донесете дрвја и градете го храмот, и тоа ќе Ми биде угодно, па ќе се прославувам, вели Господ. Очекувавте многу, а излегува малку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го разнесувам. Зошто? – вели Господ Саваот: Затоа што домот Мој е запустен, додека секој од вас се грижи за домот свој. Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови. Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздовите, врз маслото и врз сѐ што се раѓа од земјата, и врз човекот и врз добитокот, и врз секој ваш труд.“
Прочитај Агеј 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Агеј 1:2-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа