Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 8:13-22

Создавање 8:13-22 MK2006

Во шестотини и првата година, во првиот ден од првиот месец, ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот на ковчегот, погледна и виде дека површината на земјата беше поисушена. А на дваесет и седмиот ден од вториот месец, земјата беше сува. Тогаш му рече Бог на Ное: „Излезете од ковчегот, ти, жената твоја, синовите твои, и жените на синовите твои; изведи ги со себе и сите животни, што се со тебе, од секое суштество, од птиците, добитокот и сите влекачи што лазат по земјата; нека се растурат по земјата, и нека се плодат и множат на земјата!“ И излегоа Ное, синовите негови, жената негова, и жените на синовите негови; сите животни и сите лазачи, сите птици – сѐ што се движи по земјата, според родот нивни, излегоа од ков­чегот. И Му направи Ное жртвеник на Господ; и зеде од секој чист добиток и од сите чисти птици, и ги принесе на жртвеникот како жртви сепаленици. И Господ го почувствува пријатниот мирис, па рече во срцето Свое: „Нема повеќе да ја проколнувам земјата поради човекот, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини и нема повеќе да ги уништувам живите суштества, како што направив. Отсега, па сѐ дури постои земјата, нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноќите.“