Стојте во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем! Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрезувате, Христос ништо нема да ви помогне. А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон. Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта; а ние се надеваме и очекуваме оправдание од верата преку Духот. Зашто во Христос Исус ниту обрезанието има сила, ниту необрезанието, туку верата, која дејствува преку љубовта. Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината? Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика. Малку квас го потквасува целото тесто. Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда. А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот. О, да беа отсечени оние што ве бунеа!
Прочитај Галатјаните 5
Слушни за Галатјаните 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 5:1-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа