Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ездра 8:1-14

Ездра 8:1-14 MK2006

Еве ги старешините на домовите и родословијата на оние, кои со мене тргнаа на пат од Вавилон, во времето на царувањето на царот Артаксеркс: од потомците на Финес – Гершом; од потомците на Итамар – Даниел; од потомците на Давид – Хатуш; еден од синовите на Шеканија; од потомците на Парош – Захарија, со кого беа запишани сто и педесет мажи. Од потомците на Пахат-Моав – Елјехоенај, син на Зерахија, и со него двесте мажи. Од потомците на Зату – Шеканија, син на Јахазиел, и со него триста мажи. Од потомците на Адин – Евед, син на Јонатан, и со него педесет мажи. Од потомците на Елам – Исаија, синот на Готолија, и со него седумдесет мажи. Од потомците на Сафатија – Зевадија, синот на Михаил, и со него осумдесет мажи. Од потомците на Јоав – Авдија, синот на Јехиил, и со него двесте и осумдесет мажи. Од потомците на Бани – Шеломит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет мажи. Од потомците на Бевај – Захарија, синот на Бевај, и со него дваесет и осум мажи. Од потомците на Азгад – Јоханан, син на Хакатан, и со него сто и десет мажи. Од потомците на Адоникам, кои тргнаа подоцна, ова се нивните имиња: Елифелет, Јеиел, и Шемаја, и со нив шеесет мажи. Од потомците на Бигвај – Утај и Захур, и со нив седумдесет мажи.