Ездра 8:1-14
Ездра 8:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Еве ги старешините на домовите и родословијата на оние, кои со мене тргнаа на пат од Вавилон, во времето на царувањето на царот Артаксеркс: од потомците на Финес – Гершом; од потомците на Итамар – Даниел; од потомците на Давид – Хатуш; еден од синовите на Шеканија; од потомците на Парош – Захарија, со кого беа запишани сто и педесет мажи. Од потомците на Пахат-Моав – Елјехоенај, син на Зерахија, и со него двесте мажи. Од потомците на Зату – Шеканија, син на Јахазиел, и со него триста мажи. Од потомците на Адин – Евед, син на Јонатан, и со него педесет мажи. Од потомците на Елам – Исаија, синот на Готолија, и со него седумдесет мажи. Од потомците на Сафатија – Зевадија, синот на Михаил, и со него осумдесет мажи. Од потомците на Јоав – Авдија, синот на Јехиил, и со него двесте и осумдесет мажи. Од потомците на Бани – Шеломит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет мажи. Од потомците на Бевај – Захарија, синот на Бевај, и со него дваесет и осум мажи. Од потомците на Азгад – Јоханан, син на Хакатан, и со него сто и десет мажи. Од потомците на Адоникам, кои тргнаа подоцна, ова се нивните имиња: Елифелет, Јеиел, и Шемаја, и со нив шеесет мажи. Од потомците на Бигвај – Утај и Захур, и со нив седумдесет мажи.
Ездра 8:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еве ги главатарите на татковските домови со родословието, кои тргнаа со мене од Вавилон за време на владеењето на царот Артаксеркс: Од Финесовите синови: Гирсом; од Итамаровите синови: Даниел; од Давидовите синови: Хатус, Сеханиевите синови; од Фаросовите синови: Захариј и со него запишаните сто и педесет мажи; од Фат-Моавовите синови: Елјоенај, син Зераин, и со него триста мажи; од Затуовите синови: Сеханиј, син Јасилов, и со него триста мажи; од Адиновите синови: Евед син Јонатанов, и со него педесет мажи; од Еламовите синови: Исаиј, син Аталиин, и со него седумдесет мажи; од Сефатиините синови: Зевадиј, син Михаилов, и со него осумдесет мажи; од Јоавовите синови: Овадиј, син Јехиелов, и со него двеста и осумнаесет мажи; од Баниевите синови: Селомит, син Јосифиин, и со него сто и шеесет мажи; од Виваевите синови: Захариј, син Виваев, и со него дваесет и осум мажи; од Азгадовите синови: Јоанан, син Акатанов, и со него сто и десет мажи; од последните Адоникамовите синови по име: Елифелет, Јеило и Семај, и со нив шеесет мажи; и од Вигваевите синови: Гутај, син Завудов, и со него седумдесет мажи.