Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленството градат храм на Господ, Бог Израелов; и дојдоа кај Зоровавел и кај поглаварите на родовите и им рекоа: „Да градиме и ние со вас, зашто и ние како вас Му се поклонуваме на вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Есар-Хадон, асирскиот цар, кој нѐ пресели овде.“ Зоровавел, Јешуа и другите кнезови на родовите израелски им одговорија: „Не може да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господ, Бог Израелов, како што ни заповеда Кир, царот персиски.“ Тогаш народот на онаа земја, почна да му ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето; и поткупуваа советници против нив за да ја расипуваат намерата нивна во текот на сето време од владеењето на Кир, царот персиски, до царувањето на Дариј, цар персиски.
Прочитај Ездра 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ездра 4:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа