Некои од старешините на домовите, откако ќе дојдеа во домот Господов, во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот Божји за да се обнови врз основите негови. Колку што им достигаше раката, тие дадоа во ризницата за работа шеесет и една илјада златни даријки, и пет илјади мини сребро и сто свештенички одежди. Така се населија пак и свештениците и левитите, и народот и пејачите, и чуварите на вратите и служителите во храмот, и целиот Израел во градовите свои.
Прочитај Ездра 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ездра 2:68-70
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа