Ездра 2:68-70
Ездра 2:68-70 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Некои од старешините на домовите, откако ќе дојдеа во домот Господов, во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот Божји за да се обнови врз основите негови. Колку што им достигаше раката, тие дадоа во ризницата за работа шеесет и една илјада златни даријки, и пет илјади мини сребро и сто свештенички одежди. Така се населија пак и свештениците и левитите, и народот и пејачите, и чуварите на вратите и служителите во храмот, и целиот Израел во градовите свои.
Ездра 2:68-70 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Даден број од главатарите на татковските домови, кога стигнаа во Господовиот Дом, што е во Ерусалим, доброволно приложија дарови за Божјиот Дом, за да биде изграден на своето место. Дадоа според своите можности во ризницата шеесет илјади златници, пет илјади мини сребро и сто свештенички облеки. Свештениците, левитите и дел од народот се населија во Ерусалим; а вратарите, певците, нетинците и сите други Израелци во своите градови.