Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 4:1-8

Езекиел 4:1-8 MK2006

„А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим; и постави опсада околу него, напра­ви тврдина кон него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови. Потоа земи железна плоча и поста­ви ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израелов. Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израелов; според бројот на де­новите, – сто и педесет – во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно. А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израелов. И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив. Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него. Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.