Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 4:1-8

Езекиел 4:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим; и постави опсада околу него, напра­ви тврдина кон него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови. Потоа земи железна плоча и поста­ви ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израелов. Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израелов; според бројот на де­новите, – сто и педесет – во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно. А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израелов. И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив. Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него. Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада.

Езекиел 4:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А ти, човечки сине, земи плитар, постави го пред себе и нацртај го врз него градот Ерусалим. Постави опсада околу него, изгради тврдина спрема него, крени насип, ископај околу него окоп, постави ја војската и размести ги ѕидокршачите наоколу. Потоа земи железна плоча и постави ја како железен ѕид меѓу себе и градот, та сврти го лицето кон него и ќе биде опсаден. Притисни го! Тоа е знак за домот Израелев! Потоа легни на својата лева страна и стави го врз себе гревот на домот Израелев: колку денови ќе лежиш така, толку денови ќе го носиш нивниот грев. Ти давам по ден за година на нивните гревови: триста и деведесет денови ќе го носиш гревот на домот Израелев. А кога ќе го завршиш тоа, ќе лежиш четириесет денови на десната страна, за да го носиш гревот на Јудиниот дом; ти давам по ден за секоја година. Тогаш сврти го лицето кон опсадуваниот Ерусалим, протегни ја голата десница и пророкувај против него. А Јас ќе те врзам со јажиња, за да не можеш да се вртиш од едната страна на другата додека не ги исполниш деновите на својата опсада.