„Сине човечки, какво предимство има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гранките од дрвјата во гората? Зар се зема од него парче за некаква изработка? Земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него некоја работа? Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огнот му ги подгорува, па му ја изгорува и средината; може ли да стане од него нешто за некаква изработка? И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште помалку, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка? Затоа, вака вели Господ Бог: – како што дрвото од лоза меѓу горските дрвја го предадов на оган за да изгори, така нему ќе му ги предадам и ерусалимските жители.
Прочитај Езекиел 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Езекиел 15:2-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа