Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 15

15
Некорисно лозово дрво
1 # Ис 5,1; Ер 2,21; Ос 10,1; Пс 80 И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, какво предимство има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гран­ките од дрвјата во гората? 3Зар се зема од него парче за некаква изработка? Земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него не­која работа? 4#19,14; Јн 15,6Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огнот му ги подгорува, па му ја изгорува и средината; може ли да стане од него нешто за некаква изра­ботка? 5И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште помалку, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка? 6Затоа, вака вели Господ Бог: – како што дрвото од лоза меѓу горските дрвја го предадов на оган за да изгори, така нему ќе му ги предадам и ерусалимските жители. 7#6,7; 7,4; 14,8; Ис 24,18И ќе го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ќе излезат и друг оган ќе ги проголта, па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе го свртам лицето Свое против нив. 8И ќе ја направам таа земја пустина, затоа што постапија неверно“, вели Господ Бог.

Селектирано:

Езекиел 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност