Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 8:5-13

Излез 8:5-13 MK2006

А Мојсеј му рече на фараонот: „Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од куќите ваши, а само во реката да останат.“ И рече: „Утре.“ А Мојсеј рече: „Не­ка биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг како Господ, нашиот Бог. Ќе отидат жабите од тебе, од куќите твои, од слугите твои и од народот твој; само во реката ќе останат.“ Потоа Мојсеј и Арон излегоа откај фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господ за жабите, што Тој ги беше испратил врз фараонот. И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куќите, по дворовите и по нивите. И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде. А кога фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги по­слуша нив, како што беше рекол Господ. Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Кажи му на Арон: ‚Пружи го стапот свој, и удри по земјата‘ – и ќе се појават мушички по целата земја египетска.“ Така и направија: Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по луѓето и по добитокот; сиот песок на земјата се претвори во мушички, по целата земја египетска.