Излез 8:5-13
Излез 8:5-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Мојсеј му рече на фараонот: „Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од куќите ваши, а само во реката да останат.“ И рече: „Утре.“ А Мојсеј рече: „Нека биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг како Господ, нашиот Бог. Ќе отидат жабите од тебе, од куќите твои, од слугите твои и од народот твој; само во реката ќе останат.“ Потоа Мојсеј и Арон излегоа откај фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господ за жабите, што Тој ги беше испратил врз фараонот. И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куќите, по дворовите и по нивите. И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде. А кога фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги послуша нив, како што беше рекол Господ. Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Кажи му на Арон: ‚Пружи го стапот свој, и удри по земјата‘ – и ќе се појават мушички по целата земја египетска.“ Така и направија: Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по луѓето и по добитокот; сиот песок на земјата се претвори во мушички, по целата земја египетска.
Излез 8:5-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Речи му на Арона нека ја испружи својата рака со стапот врз реките, потоците и езерцата, и направи жабите да се нафрлат на Египетската Земја.“ Арон ја протегна својата рака врз египетските води, и жабите излегоа и ја покрија Египетската Земја. Но и бајачите направија така со своето баење, па жабите се нафрлија врз Египетската Земја. Сега фараонот ги повика Мојсеја и Арона и рече: „Молете Го Господа да ги отстрани жабите од мене и од мојот народ, а јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Господа.“ Мојсеј му одговори на фараонот: „Чест нека ти е да ми одредиш кога сакаш да се молам за тебе, за твоите службеници и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од твоите домови и да останат во Реката.“ „Утре,“ рече. „Нека биде како што велиш - одговори Мојсеј - да знаеш дека никој не е како Господ, нашиот Бог. Жабите ќе си отидат од тебе, од твоите службеници и од твојот народ; ќе останат само во Реката.“ Мојсеј и Арон отидоа од фараонот, а тогаш Мојсеј Го повика Господа заради жабите со кои го казни фараонот. И Господ го послуша Мојсеја, па жабите пцовисаа по куќите, дворовите и нивите.