Потоа Мојсеј дојде и ги повика народните старешини; и им ги изложи сите овие зборови, што му ги заповеда Господ. И сиот народ одговори еднодушно и рече: „Сѐ што рекол Господ ќе направиме.“ Тогаш Мојсеј Му ги соопшти на Господ зборовите на народот. А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, Јас ќе дојдам кај тебе во густ облак, за да чуе народот, како ќе зборувам со тебе, па да ти поверува засекогаш.“ Зашто Мојсеј Му ги беше соопштил на Господ зборовите народни.
Прочитај Излез 19
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 19:7-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа