Излез 19:7-9
Излез 19:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа Мојсеј дојде и ги повика народните старешини; и им ги изложи сите овие зборови, што му ги заповеда Господ. И сиот народ одговори еднодушно и рече: „Сѐ што рекол Господ ќе направиме.“ Тогаш Мојсеј Му ги соопшти на Господ зборовите на народот. А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, Јас ќе дојдам кај тебе во густ облак, за да чуе народот, како ќе зборувам со тебе, па да ти поверува засекогаш.“ Зашто Мојсеј Му ги беше соопштил на Господ зборовите народни.
Излез 19:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мојсеј се врати и ги свика народните старешини па им изложи сѐ што му нареди Господ. А целиот народ одговори едногласно: „Ќе правиме сѐ што нареди Господ.“ Тогаш Мојсеј Му го пренесе на Господа одговорот на народот. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Еве, Јас ќе дојдам при тебе во густ облак, за да чуе народот кога ќе зборувам со тебе, и да ти верува засекогаш.“