Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 9:20-26

Естира 9:20-26 MK2006

Мардохеј ги опиша тие настани и испрати писма до сите Јудејци во областите на царот Ксеркс, до блис­ките и далечните, за да го востановат и секоја година да го празнуваат четиринаесеттиот ден од месецот адар и неговиот петнаесетти ден, како дни, во кои Јудејците се сми­рија од своите непријатели, и како таков месец, во кој се претвори кај нив жа­лоста во радост и тагата – во празник, – за да ги направат дните за гоштевки и веселби, при што заемно да си испраќаат подароци и дарови на сиромасите. Јудејците го примија тоа, кое веќе сами беа почнале да го прават и за кое им напиша Мардохеј, дека Вугеецот Аман, Амадатов син, непријател на сите Јудејци, мислеше да ги погуби Јудејците и фрлаше ждрепка, за да ги истреби и погуби, и како Естира отиде кај царот и како царот заповеда со ново писмо злосторничкиот план на Аман што бе­ше намислил за Јудејците да се сврти против главата нивна, и да го обесат него и синовите негови. Затоа и ги нарекоа тие дни Пурим, од зборот пур – ждрепка. Ете зашто, согласно со сите зборови од тоа писмо и со она што сами го видоа и пропатија