Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 3:7-13

Ефесјаните 3:7-13 MK2006

на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила. Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го про­по­ве­дам на незнабошците неискажливото богатство Христово, и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос, та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на на­чалствата и властите небесни, според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Гос­под, во Кого, преку верата во Него, има­ме слобода да се доближуваме со доверба. Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.