Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 3

3
Дејноста на Павле меѓу нејудејците
1 # 4,1; Фил 1,7.13; Кол 4,18 Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исус Христос за вас незнабошците. 2#Кол 1,25-26Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас, 3#1,9-10односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и по­го­ре ви напишав накратко. 4#Рим 9–11#Кол 1,26Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христос, 5#2,20; Јн 14,26која, на синовите човечки од по­ра­нешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Светиот Дух, 6#2,11.13.18-19за да бидат и незнабошците сонас­ледници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието, 7#Кол 1,23-25на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила. 8#1 Кор 15,9-10; Гал 1,16; 1 Тим 1,15Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го про­по­ве­дам на незнабошците неискажливото богатство Христово, 9#Кол 1,26и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос, 10#1 Кор 2,7-9; 1 Птр 1,12та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на на­чалствата и властите небесни, 11#1,4.11според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Гос­под, 12#2,18; Евр 4,16во Кого, преку верата во Него, има­ме слобода да се доближуваме со доверба. 13#Кол 1,24Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.
Христовата љубов
14 # 1,17-18 Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос, 15од Кого се именува секој род на не­бесата и на земјата, 16#Рим 7,22да ви даде, по богатството на Сво­ја­та слава, сила да се утврдите преку Не­говиот Дух во внатрешниот човек, 17#Јн 14,23; Рим 8,11; Кол 1,23; 2,7и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, 18#Кол 2,2та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е дла­бо­чина и височина, 19#1 Кор 13; Гал 4,9и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја. 20#Јуда 1,24-25А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ што ќе побараме или помисли­ме, 21#Рим 16,24Нему нека е слава во Црквата пре­ку Исус Христос во сите родови и за си­те векови. Амин!

Селектирано:

Ефесјаните 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност