Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 1:15-23

Ефесјаните 1:15-23 MK2006

Ете, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии, постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои, та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете, и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите, и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила. Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го пос­тави од Својата десна страна на небесата, повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот, и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 1:15-23

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност