Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 1

1
Поздрав
1 # Дела 9,13; Рим 1,1; 1 Кор 1,1; Кол 1,1-2 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос: 2благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!
Неизмерна благодат
3 # 1 Кор 1,3; Гал 3,14; 1 Птр 1,3 Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен бла­гос­лов од небесата во Христос, 4#5,27; Јн 17,24; Кол 1,22; 2 Сол 2,13така што и нѐ избра преку Него, уш­те пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, 5#Јн 1,12предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја, 6#Кол 1,13за да биде фалена славата на Него­вата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син, 7#2,7.13; Рим 3,24-25во Кого имаме откуп преку Не­го­ва­та крв, простување на гревовите по бо­гат­ството на Неговата благодат. 8#Кол 1,9; 4,5Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, 9#3,3откако ни ја откри тајната на Сво­ја­та волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано 10#Гал 4,4во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос. 11#Рим 8,28-29; Кол 1,12Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја, 12#1,18за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос. 13#4,30; 2 Кор 1,22; Кол 1,5-6Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух. 14#2 Кор 1,22Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.
Молитва за просветление
15 # Рим 1,8-9; Кол 1,3-4.9; Фил 1,4-5 # 1 Кор 13,13 Ете, затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии, 16#1 Сол 1,2постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои, 17#Ис 11,2; 1 Кор 2,10; Кол 1,9-10; 1 Јн 5,20та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете, 18#Дела 20,32; 2 Кор 4,4; Кол 1,5.12и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите, 19#1 Кор 6,14; 2 Кор 13,4; Фил 3,10; Кол 2,12и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку дејството на Неговата крепка сила. 20#Пс 110,1; Кол 3,1; Евр 1,3Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го пос­тави од Својата десна страна на небесата, 21#Мк 10,30; Лк 18,30; Кол 1,15-20повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот, 22#Јн 1,16; Кол 1,19#4,15; Пс 8,7; 1 Кор 15,24-25и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, 23која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.

Селектирано:

Ефесјаните 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност