Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 1:1-14

Ефесјаните 1:1-14 MK2006

Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос: благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос! Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен бла­гос­лов од небесата во Христос, така што и нѐ избра преку Него, уш­те пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја, за да биде фалена славата на Него­вата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син, во Кого имаме откуп преку Не­го­ва­та крв, простување на гревовите по бо­гат­ството на Неговата благодат. Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, откако ни ја откри тајната на Сво­ја­та волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос. Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја, за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос. Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност