Кој копа јама, сам ќе падне во неа, и кој соборува ограда, змија ќе го касне. Кој крева камења, може да се шине, и кој цепи дрва, може да се изложи на опасност од нив. Ако отапи секирата, и ако сечилото нејзино не биде наострено, ќе треба повеќе сила; мудроста знае тоа да го поправи. Ако змијата касне пред да биде убиена, тогаш каква е ползата за оној што ќе ја убие. Зборовите од уста на мудрец се благодат, а устата на безумниот самиот него го погубува: првите зборови од устата му се глупост, а крајот на речта на устата негова – лошо безумие. Глупавиот зборува многу, а човекот и не знае што ќе биде; та и кој ќе му каже, што ќе биде по него? Трудот на глупавиот го изморува, зашто не го знае дури ни патот за во градот.
Прочитај Проповедник 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 10:8-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа