Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 3:8-18

Даниел 3:8-18 MK2006

Во тоа исто време дојдоа некои од Халдејците и ги наклеветија Јудејците. Тие му рекоа на царот Навухо­доносор: „Царе, жив да си довека! Ти царе, даде заповед секој човек што ќе го чуе гласот од трубата, свир­ката, цитрата, харфата и од сите свирки да падне на колена и да му се поклони на златниот идол; а оној што нема да падне и нема да му се поклони, тој треба да биде фрлен во вжарена печка. Но има луѓе Јудејци што си ги поставил над работите на земјата ва­вилонска – Седрах, Мисах и Авденаго; тие луѓе не се покорија на твојата запо­вед, царе, на твоите богови не им слу­жат и на златниот идол што го постави не му се поклонија.“ Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот. Навуходоносор им рече: „Вие, Сед­рах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте? Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“ Одговорија Седрах, Мисах и Авде­наго и му рекоа на царот Навуходо­носор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа. Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави. Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Даниел 3:8-18

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност