Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 2

2
Казна за Моав
1 # 1,3; 4 Мојс 22,36; Ис 15–16; Ер 48; Ез 25,8-11; Соф 2,8-11 Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги изгоре кос­ките на царот едомски во вар. 2#1,4Па ќе пратам оган врз Моав, и тој ќе ги проголта дворците на Кериот, и ќе загине Моав во метеж со викотница, при трубен звук. 3И ќе го истребам владетелот негов и ќе ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ.
Казна за Јудејците
4 # 1,3; 3 Мојс 26,14-15; Ис 5,24; Ер 7,28 Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поште­дам, заради тоа што го отфрлија зако­нот на Господ и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татков­ците нивни, ги заведоа. 5#Ос 8,14И ќе испратам оган врз Јуда, и тој ќе ги проголта дворците ерусалимски.
Казна за Израелците
6 # 5,7.12; 8,6; Мих 3,9.11 Така вели Господ: за трите престапи на Израел и за четири нема да го пош­тедам, бидејќи тие продаваат праведник за пари, и сиромав за чифт сандали. 7#5 Мојс 23,19; 27,20; Ис 3,15; Ос 4,14Газат врз главите на сиромасите, и ги туркаат сиротите од патот; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име. 8#2 Мојс 22,25-26; 5 Мојс 24,12-13При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на својот Бог. 9#5 Мојс 7,1; 9,1-2; Ос 9,16; Јов 18,16Но Јас ги истребив пред нив Амо­рејците, чија височина беше како висо­чината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив и плодот негов го­ре, а и коренот негов долу. 10#5 Мојс 2,7; Ер 2,6Вас, пак, ве изведов од земјата еги­петска и ве водев по пустината четири­есет години, за да ја наследите земјата аморејска. 11#4 Мојс 6,1-21; 5 Мојс 18,18-19Од синовите ваши избирав луѓе за пророци и од младинците ваши – за на­зири; зар не е така синови израелски? – вели Господ. 12#7,12-13; 1 Цар 22,8.27; Ис 30,10; Ер 11,21; Мих 2,6А вие ги поевте назирите со вино и на пророците им заповедавте: не пророкувајте. 13Еве, Јас ќе ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја, 14#9,1; Ис 40,30; Ер 25,35и брзиот не ќе има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој. 15#5,9; Ер 46,5Ни стрелец нема да се додржи, ниту брзиот ќе избега, ниту пак оној на коњ ќе го спаси животот свој. 16#Ис 2,11; Јоил 1,15; Соф; 1,14-15; Мк 14,52И најхрабриот од храбрите во оној ден ќе избега гол, вели Господ.

Селектирано:

Амос 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност