Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 1

1
Суд за Сирија
1 # 8,8; 9,5; Ос 1,1; Зах 14,5 Зборовите на Амос, еден од пастирите на Текоа, што ги чу во видение за Израел во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на израелскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред земјотресот. 2#Ис 33,9; Ер 25,30; Ос 11,10; Јоил 4,16; Наум 1,4И рече тој: Господ ќе загрми од Сион и ќе го пушти гласот Свој од Еру­салим, и ќе свенат пасиштата пастир­ски, и ќе се исуши врвот на Кармил. 3#2,1.4.6; 2 Цар 8,12; 10,32-33; 13,3.7; Ис 17,1-3Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го по­штедам, зашто го вршеа Галаад со же­лезни орудија. 4#2,2.5; Ер 49,27Ќе пуштам оган на домот Азаилов, и тој ќе ги проголта дворците на Вена­дад. 5#2 Цар 16,9Па ќе ги скршам резињата на Да­маск и ќе ги истребам жителите на Бикат–Авен, и оној, што држи жезол, од Бет–Едем; народот на Арам ќе отиде во ропство во Кир, вели Господ.
Суд за Филистеја
6 # Ис.Н. 13,2; Ер 47; Соф 2,4-7; 2 Лет 21,16-17 Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја поште­дам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едом. 7#Ер 47,5; Соф 2,4; Зах 9,5-6И ќе испратам оган врз ѕидините на Газа и тој ќе ги проголта дворците неј­зини. 8#2 Лет 26,6Па ќе ги истребам жителите на Аш­дот, и оној, што го држи жезолот во Ашкелон, и ќе ја свртам раката Своја против Екрон, и ќе загине остатокот на Филистејците, вели Господ.
Суд за Тир (Феничаните)
9 # 1 Цар 5,26; 9,11-14; Ис 23; Ез 26–28 Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го поште­дам, зашто тие му ги предадоа на Едом сите заробеници, и не се сетија за брат­скиот сојуз. 10#Ез 28,18; Зах 9,4Ќе пратам оган врз ѕидините на Тир, и тој ќе ги проголта дворците не­гови.
Суд за Едомците
11 # 1 Мојс 27,41; 4 Мојс 20,14-21; 5 Мојс 2,1; Ис 34; Ер 49,7-22; Ез 25,12-14 Така вели Господ: за трите преста­пи на Едом и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги гонеше браќата свои со меч, погази секакво сочувство, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја потпалуваше јароста своја. 12Ќе испратам оган врз Теман, и тој ќе ги проголта дворците на Восор.
Суд за Амонците
13 # 5 Мојс 2,19; 2 Цар 8,12; 15,16; Ер 49,1-6; Ез 25,1-7; Ос 14,1; Соф 2,8-11 Така вели Господ: за трите прес­тапи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејќи тие ги распоруваа бремените жени во Галаад, за да ги прошират границите свои. 14#Ис 28,2; Ер 49,2И ќе запалам оган во ѕидовите на Рава, и тој ќе ги проголта дворците неј­зини со врисок во денот на бојот и со виор во денот на бурата. 15#Ер 48,7; 49,3И ќе отиде царот нивни во ропство, тој и кнезовите негови заедно, вели Господ.

Селектирано:

Амос 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност