Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 2:1-16

Амос 2:1-16 MK2006

Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги изгоре кос­ките на царот едомски во вар. Па ќе пратам оган врз Моав, и тој ќе ги проголта дворците на Кериот, и ќе загине Моав во метеж со викотница, при трубен звук. И ќе го истребам владетелот негов и ќе ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ. Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поште­дам, заради тоа што го отфрлија зако­нот на Господ и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татков­ците нивни, ги заведоа. И ќе испратам оган врз Јуда, и тој ќе ги проголта дворците ерусалимски. Така вели Господ: за трите престапи на Израел и за четири нема да го пош­тедам, бидејќи тие продаваат праведник за пари, и сиромав за чифт сандали. Газат врз главите на сиромасите, и ги туркаат сиротите од патот; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име. При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на својот Бог. Но Јас ги истребив пред нив Амо­рејците, чија височина беше како висо­чината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив и плодот негов го­ре, а и коренот негов долу. Вас, пак, ве изведов од земјата еги­петска и ве водев по пустината четири­есет години, за да ја наследите земјата аморејска. Од синовите ваши избирав луѓе за пророци и од младинците ваши – за на­зири; зар не е така синови израелски? – вели Господ. А вие ги поевте назирите со вино и на пророците им заповедавте: не пророкувајте. Еве, Јас ќе ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја, и брзиот не ќе има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој. Ни стрелец нема да се додржи, ниту брзиот ќе избега, ниту пак оној на коњ ќе го спаси животот свој. И најхрабриот од храбрите во оној ден ќе избега гол, вели Господ.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Амос 2:1-16

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност