Кога слушнаа апостолите што беа во Ерусалим дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив Петар и Јован. Тие, штом слегоа, се помолија за нив за да го примат Духот Свети. Зашто сѐ уште не беше слегол ниту на еден од нив, а само беа крстени во името на Господ Исус. Тогаш апостолите положија над нив раце и тие Го примија Светиот Дух. А Симон, кога виде дека Духот Свети се дава со полагање раце од апостолите, им донесе пари, и им рече: „Дајте ми ја и мене таа власт, та над кого и да ги положам рацете, да Го прими Духот Свети!“ Но Петар му рече: „Среброто твое нека загине заедно со тебе, зашто помисли дека дарот Божји може да се стекне со пари. Ти немаш дел ниту право на таа работа, бидејќи срцето твое не е право пред Бога. Туку покај се за оваа зла намера и помоли Му се на Бога за да ти се прости помислата на срцето твое; бидејќи те гледам дека си исполнет со горчлива жолчка и во окови на беззаконие.“ А Симон одговори: „Помолете Му се за мене на Господ вие, да не ме стигне ништо од она што рековте.“
Прочитај Дела 8
Слушни за Дела 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 8:14-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа