Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 3

3
Оздравување пред портата на храмот
1 # 10,3.9.30 Еден ден Петар и Јован заедно о­тидоа во храмот во деветтиот час#3,1 Околу 15 часот., часот за молитва. 2Таму имаше еден човек, сакат уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред портата на храмот наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот. 3Тој, кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, запроси милостина и од нив. 4#14,8-9А Петар, заедно со Јован, го впери кон него погледот и му рече: „Погледни во нас!“ 5И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив. 6#4,10; 16,18; 19,13Но Петар рече: „Сребро и злато јас немам, а што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет стани и оди!“ 7И само што го фати за десната рака, го исправи, а нему веднаш му се зац­врс­наа стапалата и глуждовите; 8#14,10па скокна, се исправи и почна да оди. Тогаш влезе во храмот заедно со нив скокајќи и фалејќи Го Бога. 9И сиот народ го гледаше како оди и како Го слави Бога. 10#Лк 4,36; Лк 5,9Луѓето го познаа дека тој беше оној истиот што седеше пред портата на храмот наречена Красна, поради ми­лос­тина; и беа полни со восхит и вчудоневиденост за она што се случи.
Беседата на Петар во храмот
11 # 5,12; Јн 10,23 И бидејќи оздравениот сакат човек цврсто се држеше за Петар и Јован, кон нив дотрча вчудовиден сиот народ во тремот, наречен Соломонов. 12#10,26; 14,15А Петар, штом го виде тоа, му рече на народот: „Луѓе Израелци, што се чу­дите на ова, и што сте се загледале во нас, како со своја сила или побожност да направивме овој да прооди? 13#2,23; 3,15; 13,28; 2 Мојс 3,6; Лк 23,13; 23,20-25Бог Авраамов, Исаков и Јаковов, Бог на татковците наши Го прослави својот Син Исус, Кого вие Го пре­да­дов­те и од Кого се одрековте пред лицето на Пилат, кога тој реши да Го пушти. 14Но вие се одрековте од Светиот и Праведниот и побаравте да ви се ослободи човек убиец, 15#2,24; 2,32; 3,26; 13,32; 17,31а Го убивте Зачетникот на животот, Кого Бог Го воскресна од мртвите; за тоа сме ние сведоци. 16#3,7И поради верата во Неговото име, овој, кого вие го гледате и познавате, го потврди името Негово; а верата во Него го исцели и овој човек пред сите вас. 17#13,28; 17,30; 1 Тим 1,13А сега, браќа, знам дека вие тоа го направивте од незнаење како и вашите началници. 18#Лк 24,27; 1 Кор 15,3А Бог, она што однапред го навести преку устата на сите пророци Свои, од­носно дека Христос ќе пострада, тоа и го исполни. 19#2,38; 10,43; 13,38; 26,18Покајте се, пак, и обратете се, за да се очистите од гревовите ваши, 20#5,31за да дојдат од Господ времиња за освежување и Тој да ви Го прати вам претскажаниот Исус Христос, 21#Мт 19,28; Лк 1,70Кого небото треба да Го прими до она време, кога ќе се воспостави сѐ што беше рекол Бог преку устата на сите Свои пророци од создавањето на светот. 22#7,37; 5 Мојс 18,15; Лк 9,35Мојсеј им беше рекол на тат­ков­ци­те: ‚Господ Бог ваш од браќата ваши ќе ви издигне Пророк како мене; Него послушајте го за сѐ што ќе ви рече!‘ 23#3 Мојс 23,29; 5 Мојс 18,19И секој што не ќе Го послуша тој Пророк, ќе биде истребен од народот. 24#10,43; 13,26; Евр 11,32А сите пророци што пророкуваа, од Самоил, па и оние по нив, го навестуваа исто така и ова време. 25#7,8; 1 Мојс 12,3; 18,18; 22,18; 26,4; Рим 9,4-5; Гал 3,8Вие сте синови на пророците и на заветот што Бог го беше направил со вашите предци, велејќи му на Авраам: ‚И во потомството твое ќе бидат благо­словени сите народи на земјата.‘ 26#3,20; 1 Птр 3,9Бог, откако Го воздигна Својот Слуга, најнапред вам ви Го прати за да ве благослови, та секој од вас да се од­врати од својата злоба.“

Селектирано:

Дела 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност