Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 24:1-9

Дела 24:1-9 MK2006

По пет дена слезе првосвеш­теникот Ананија со старешините и со некој си говорник Тертил, па излегоа пред намесникот, обвинувајќи го Павле. А кога го повикаа Павле, Тертил почна да го обвинува, велејќи: „Секогаш и насекаде со голема бла­годарност признаваме дека преку тебе, многупочитуван Феликсе, кај нас има полн мир, а преку грижите твои – на овој народ му се дели вистинска правда. Но, за да не ти одземеме многу вре­ме, те молам да нѐ ислушаш накратко со твојата кротост. Утврдивме дека овој човек е чума и дека крева бунтови против сите Јудејци по вселената и дека е предводник на на­зарејската ерес. Тој се обиде дури и храмот да го ос­кверни. Затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон; но заповедникот Лисиј дојде и со го­лема сила го истргна од рацете наши, и го испрати кај тебе, откако заповеда и ние, неговите об­винители, да дојдеме кај тебе. Ти ќе мо­жеш сам да го испиташ и од него да дознаеш за што го обвинуваме ние.“ И Јудејците потврдуваа дека е така.