Потоа повика двајца стотници и рече: „Пригответе ми двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, за да тргнат за Кесарија во третиот час ноќеска; и пригответе добици, за да го качат Павле и да го одведат до намесникот Феликс!“ Напиша и писмо со оваа содржина: „Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот намесник Феликс. Овој човек беа го фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас се појавив со војска и го одзедов, бидејќи разбрав дека е римски граѓанин. И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион, и дознав дека го обвинуваат по прашање од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови. И бидејќи ми беше соопштено дека Јудејците намислиле лошо против тој човек, јас го пратив веднаш кај тебе, откако им порачав и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против него. Биди здрав!“ И така, војниците го зедоа Павле, и онака како што им беше заповедано, го одведоа ноќе во Антипатрида. А на вториот ден се вратија во тврдината, откако ги оставија коњаниците да одат со него. Оние што влегоа во Кесарија и му го предадоа писмото на намесникот, му го претставија и Павле. Намесникот го прочита писмото и праша од кој крај е тој, и откако разбра дека е од Киликија, рече: „Ќе те сослушам, кога ќе дојдат и твоите обвинители.“ И заповеда да го држат под стража во дворот Иродов.
Прочитај Дела 23
Слушни за Дела 23
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 23:23-35
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа