Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 23:12-22

Дела 23:12-22 MK2006

А кога осамна, некои од Јудејците се договорија, се заколнаа со заклетва и си рекоа да не јадат, ниту да пијат додека не го убијат Павле. Имаше повеќе од четириесет мажи што дадоа таква заклетва. Па отидоа кај првосвештениците и старешините и рекоа: „Клетва си кла­довме ништо да не каснеме додека не го убиеме Павле. Затоа вие од Синедрионот сооп­ште­те му сега на заповедникот да го доведе утре долу пред нас, небаре ќе сакате по­точно да го разгледате неговото дело; а ние, пред да наближи, ќе бидеме готови да го убиеме.“ Кога слушна за заседата синот на Павловата сестра, отиде, влезе во тврдината и му кажа на Павле. А Павле повика еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај заповедникот, зашто има нешто да му каже.“ И тој го зеде, го одведе кај заповедникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и замоли ова момче да го до­ве­дам кај тебе, зашто имало нешто да ти каже.“ Заповедникот го фати за рака, застана со него на страна и го праша: „Што имаш да ми кажеш?“ А тоа рече: „Јудејците се договорија да те молат да го одведеш утре Павле долу пред Синедрионот, небаре ќе сака­ат поточно да го испитуваат нешто во врска со неговото дело. Но ти не им верувај, зашто ќе го че­каат четириесет, а и повеќе од че­ти­ри­есет нивни луѓе, што се заколнале да не јадат, ниту да пијат, сѐ додека не го убијат; и сега се веќе готови, чекаат само да им ветиш.“ Тогаш заповедникот го испрати момчето и му порача: „Никому не ка­жувај дека си ми го кажал ова!“