Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 2:1-5

Дела 2:1-5 MK2006

Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто мес­то. Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под не­бо­то.