Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1:12-26

Дела 1:12-26 MK2006

Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови. И во тие дни Петар стана меѓу бра­ќата (а беа се собрале околу сто и дваесет души) и рече: „Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претска­жал Светиот Дух преку устата Да­ви­до­ва за Јуда, водачот на оние што Го фа­тија Исус, зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба; но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба. И тоа им стана познато на сите жи­тели во Ерусалим дека таа нива се на­ре­че на нивниот јазик Акелдама, што зна­чи ‚крвна нива‘. Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘ И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус, почнувајќи од крштавањето Јо­ва­но­во па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“ И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј; потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на си­те, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“ И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Дела 1:12-26

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност