Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 1:12-26

Дела 1:12-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим. Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора. Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар. Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа. Таму беа: Петар, Јован, Јаков, Андреј, Филип, Тома, Бартоломеј, Матеј, Јаков (синот на Алфеј), зилотот Симон и Јуда (синот на Јаков). Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа. Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус. По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници. Петар стана и им се обрати: „Драги пријатели христијани! Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариот, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото Писмо. Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исуса, беше претскажано и мораше да се исполни, иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“ (Со парите што ги доби за предавството на Исус, Јуда си купи нива. Потоа таму се обеси, па падна сред неа, распукнувајќи се, при што целата утроба му се истури. За ова дознаа сите жители на Ерусалим, па таа нива ја нарекоа Акал-Д’ма, што на нивниот јазик значи ?Крвна нива‘.) „Во книгата на псалмите стои запишано: ,Домот да му се запусти, никој во него да не живее!‘ и ,Службата негова друг нека ја преземе!‘ Затоа треба да одбереме човек што ќе го замени Јуда. Тоа треба да биде некој што беше со нас во текот на целото време, откако Господ Исус дојде, па се додека си замина, некој што беше со нас откако Јован Крстител Го крсти Исуса, па се до денот кога Исус се вознесе на небото. Тој човек треба да биде и очевидец на воскреснатиот Исус, како што сме и ние.“ Тогаш предложија двајца: првиот беше Јосиф Барсаба, познат и како Јуст, а вториот беше Матија. Пред да го извршат изборот, се помолија вака: „Господе, ти знаеш што лежи во срцето на секој човек. Покажи ни кого си го одбрал од овие двајца да биде апостол наместо Јуда, кој не изневери и заврши таму каде што припаѓа.“ Потоа со ждрепка го одбраа Матија, кој им се приклучи на останатите единаесет апостоли.

Дела 1:12-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Маслинова, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што престојуваа Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов. Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови. И во тие дни Петар стана меѓу бра­ќата (а беа се собрале околу сто и дваесет души) и рече: „Мажи браќа! Требаше да се исполни напишаното што го беше претска­жал Светиот Дух преку устата Да­ви­до­ва за Јуда, водачот на оние што Го фа­тија Исус, зашто тој беше вброен меѓу нас и беше примил дел од оваа служба; но со неправедна награда тој стекна нива и, откако падна ничкум, прсна по средината, и се истури целата негова утроба. И тоа им стана познато на сите жи­тели во Ерусалим дека таа нива се на­ре­че на нивниот јазик Акелдама, што зна­чи ‚крвна нива‘. Зашто во книгата на Псалмите е напишано: ‚Домот негов да запусти и никој во него да не живее, епископството негово друг да го прими.‘ И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус, почнувајќи од крштавањето Јо­ва­но­во па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.“ И поставија двајца: Јосиф, наречен Варнава, а по прекар Јуст, и Матиј; потоа се помолија и рекоа: „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на си­те, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“ И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.

Дела 1:12-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

Тогаш се вратија во Ерусалим, од Гората, која се вика Маслинова, што е близу до Ерусалим, еден саботен ден одење. И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа. А во тие дни Петар стана, меѓу браќата, а имаше собрано множество - околу сто и дваесет души - и рече: ”Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса; тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава. Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба. И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, така што нивата е наречена на нивниот јазик Акелдама, што значи „Крвна Нива.” Зашто, во книгата на Псалмите е напишано: ‘Неговиот дом да биде пуст и да нема кој да живее во него!’ а ‘неговата служба да ја прими друг.’ И така, потребно е пак, еден од оние луѓе, кои беа со нас за сето време, откако Господ Исус дојде при нас и си отиде од нас - почнувајќи од Јовановото крштавање до денот, кога се вознесе од нас да биде сведок заедно со нас, на Неговото воскресение.” И поставија двајца: Јосифа, наречен Варсава, наречен Јуст, и Матиј. И се помолија, велејќи: „Господи, Ти, Кој ги познаваш срцата на сите, покажи ни кого си го избрал од овие двајца, да го прими местото во оваа служба и во апостолството, од кое отстапи Јуда, за да отиде на свое место!” И фрлија жрепки за нив; и жрепката падна за Матија и тој се вброи во Единаесетте апостоли.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност