Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 3:6-12

2 Солуњаните 3:6-12 MK2006

Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее не­уредно, а не според преданието што го добивте од нас! Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас, ниту, пак, кај некого јадевме леб да­рум, туку работевме со труд и мака де­ње и ноќе за да не му додеваме на никого од вас. И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас. Зашто, кога бевме меѓу вас ви го за­поведавме ова – кој не сака да работи, тој нека и не јаде. Но слушаме дека некои од вас жи­веат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи; на таквите им заповедаме и ги мо­лиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб.