Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 1:1-7

2 Солуњаните 1:1-7 MK2006

Павле, Силван и Тимотеј до црк­вата на Солуњаните во Бог Отецот наш и Господ Исус Христос: благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос! Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува, така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате: тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа, а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила