Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 1:1-7

2 Солуњаните 1:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Од Павле, Силван и Тимотеј, до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог, нашиот Татко, и на Господ Исус Христос. Ви посакуваме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир. Како што прилега, чувствуваме обврска секогаш да Му благодариме на Бог за вас, драги пријатели христијани, затоа што вашата вера и вашата љубов, еден спрема друг и спрема сите луѓе, постојано расте. Се гордееме со вас пред сите Божји цркви. Им кажуваме колку сте непоколебливи, како вашата вера опстојува и покрај сите прогони и маки низ кои минувате. Тоа покажува дека Бог правилно ве проценил и дека навистина сте достојни да го наследите Божјото царство, за кое и страдате. Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат, а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели

2 Солуњаните 1:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Павле, Силван и Тимотеј до црк­вата на Солуњаните во Бог Отецот наш и Господ Исус Христос: благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос! Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува, така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате: тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа, а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила