Потоа Давид Го праша Господа, велејќи: „Да одам ли во некој од Јудините градови?“ И Господ му рече: „Оди.“ Давид пак праша: „Каде да одам?“ И Тој му рече: „Оди во Хеврон.“ И Давид отиде таму со двете жени свои: јизреелката Ахиноам и кармелитката Авигеја, бившата Навалова жена. Давид ги одведе и луѓето што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон. И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давид за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давид дека жителите од Јавеш Галаадски го погребале Саул. И Давид испрати гласници до жителите на Јавеш Галаадски да им кажат: „Благословени да сте пред Господ, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саул, и што сте го погребале; и Господ нека ве награди со милост и верност; и јас ќе ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова. А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар.“
Прочитај 2 Самоилова 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 2:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа