2 Самоилова 2:1-7
2 Самоилова 2:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа Давид Го праша Господа, велејќи: „Да одам ли во некој од Јудините градови?“ И Господ му рече: „Оди.“ Давид пак праша: „Каде да одам?“ И Тој му рече: „Оди во Хеврон.“ И Давид отиде таму со двете жени свои: јизреелката Ахиноам и кармелитката Авигеја, бившата Навалова жена. Давид ги одведе и луѓето што беа со него, секој со челадта своја, и се населија во градот Хеврон. И дојдоа мажите Јудини и таму го помазаа Давид за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давид дека жителите од Јавеш Галаадски го погребале Саул. И Давид испрати гласници до жителите на Јавеш Галаадски да им кажат: „Благословени да сте пред Господ, поради тоа што ја направивте таа милост на господарот свој Саул, и што сте го погребале; и Господ нека ве награди со милост и верност; и јас ќе ви направам добро, поради тоа што го направивте вие ова. А сега нека се зацврстат рацете ваши и бидете храбри, зашто господарот ваш Саул умре, и домот Јудин ме помаза мене за цар.“
2 Самоилова 2:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Потоа Давид го праша Господа вака: „Треба ли да отидам во некој Јудин град?“ А Господ му одговори: „Тргни!“ Давид праша пак: „Каде да тргнам?“ А одговорот беше: „Во Хеврон!“ Така Давид отиде таму, а со него и неговите две жени, Ахиноама од Езраел и Авигеја, Наваловата жена од Кармил. И луѓето кои беа со Давида отидоа со него, и се населија во гратчињата на Хеврон. Тогаш дојдоа луѓе од Јуда и го помазаа таму Давида за цар над Јудиниот дом. Тогаш му јавија на Давида дека луѓето од Јавис во Галад го погребаа Саула. Тогаш Давид испрати гласници кај Јависците во Галад и им порача: „Бидете благословени од Господа зашто го направивте тоа дело на љубов кон својот господар Саул и зашто го закопавте! Затоа Господ нека ви ги искаже Својата милост и добрина, а и јас ќе ви направам добро затоа што направивте така. А сега охрабрете се и бидете јунаци, зашто Саул, вашиот господар загина, а мене Јудиниот дом ме помаза за свој цар.“