Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 1:3-15

2 Петар 1:3-15 MK2006

Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство, преку кои ни се дарувани многу го­леми и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет; затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве ос­тават празни, ниту бесплодни во позна­нието на нашиот Господ Исус Христос. А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очис­тил од поранешните гревови. Браќа, затоа уште повеќе насто­ју­вај­те да го зајакнете вашиот позив и из­бор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина. А и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам, бидејќи знам дека наскоро ќе го ос­тавам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри. А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност