Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 1

1
Поздрав
1 # Дела 15,14; Рим 1,17; Тит 2,13 Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам. 2#Фил 3,8-10; Кол 2,6; 1 Птр 1,2; Јуда 1,2Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.
Божјиот позив и избор
3 # Јн 1,14; Ефес 3,16-19; 1 Птр 2,9 Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство, 4#Јн 1,12; Дела 17,28; 2 Кор 3,18преку кои ни се дарувани многу го­леми и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет; 5затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, 6#Гал 5,22-23кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, 7кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. 8Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве ос­тават празни, ниту бесплодни во позна­нието на нашиот Господ Исус Христос. 9А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очис­тил од поранешните гревови. 10#2 Сол 1,11; 1 Јн 3,6Браќа, затоа уште повеќе насто­ју­вај­те да го зајакнете вашиот позив и из­бор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, 11#Лк 1,33бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
Верност кон апостолското и пророчко слово
12 # 1 Јн 2,21; Јуда 1,5 Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина. 13#Ис 38,12А и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам, 14#Јн 21,18-19; 2 Кор 5,1бидејќи знам дека наскоро ќе го ос­тавам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри. 15А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт. 16#Лк 9,31-32; Јн 1,14; 1 Кор 15,23Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Него­во­то величие. 17#Мт 17,5; Мк 9,2-8Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот воз­љубен Син, со Кого се исполнува Мојата добра волја.“ 18И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора. 19#Лк 1,7-8; Откр 2,28А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца. 20#2 Тим 3,16; 1 Птр 1,11Знајте го прво тоа дека ниедно про­рош­тво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. 21#Дела 3,21Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух.

Селектирано:

2 Петар 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност