Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Петар 1:12-21

2 Петар 1:12-21 MK2006

Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина. А и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам, бидејќи знам дека наскоро ќе го ос­тавам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри. А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт. Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Него­во­то величие. Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот воз­љубен Син, со Кого се исполнува Мојата добра волја.“ И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора. А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца. Знајте го прво тоа дека ниедно про­рош­тво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух.